Работно време : Пон - Саб : 8.30 до 16.00

Јавете се: (+41) 768167458

Пратете порака: info@mastergroup.ch

За нас

Каско осигурување

За да ја разбереме важноста на Каско осигурувањето, потребно е да го имаме на ум следниов пример. Сите знаеме дека секој автомобил регистриран за сообраќај мора да биде осигурен, односно дека за да добиете печат во сообраќајната мора да поседувате полиса. Меѓутоа, само малкумина точно знаат каква е таа полиса и од што нѐ осигурува.

Полисата за регистрација е полиса за автоодговорност, што значи дека со неа се осигурува вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо вас, трошоците за поправка ги сноси осигурителната компанија.

А кој ќе го поправи вашиот автомобил?

Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата. Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

Ние сме вашиот деловен партнер
кој секогаш ќе стои до вас.