Работно време : Пон - Саб : 8.30 до 16.00

Јавете се: (+41) 768167458

Пратете порака: info@mastergroup.ch

За нас

Патничко осигурување

Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.

Патничкото осигурување кај нас ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете. Пакетите за патничко осигурување кои ги подготвивме се креирани да одговорат на различните потреби на граѓаните.

Сигурни на секое патување со нас.

Каско осигурување

За да ја разбереме важноста на Каско осигурувањето, потребно е да го имаме на ум следниов пример. Сите знаеме дека секој автомобил регистриран за сообраќај мора да биде осигурен, односно дека за да добиете печат во сообраќајната мора да поседувате полиса. Меѓутоа, само малкумина точно знаат каква е таа полиса и од што нѐ осигурува.

Полисата за регистрација е полиса за автоодговорност, што значи дека со неа се осигурува вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо вас, трошоците за поправка ги сноси осигурителната компанија.

А кој ќе го поправи вашиот автомобил?

Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата. Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

Здраствено осигурување

Ова осигурување е решение за Вашето здравје.

Со овој вид на осигурување Ви се достапни дополнителни здравствени услуги поврзани со надстандарден болнички третман, како што се подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување, како и надомест на трошоците за партиципација.

Домаќинско осигурување

Сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство. Ние Ви нудиме осигурување на домот, и инвестираме заедно со Вас во Вашата безбедност и сигурност.

Ние сме вашиот деловен партнер
кој секогаш ќе стои до вас.